Пренесуваме ФБ СТАТУС!




Вчера, испадна потреба од лекарска интервенција на мало дете од мои блиски роднини. Родителите мораа да го носат во струшката болница во 1 сатот после полноќ.




Сакам да прашам, дали некои од поранешни и сегашни министри, поранешни и сегашни директори во охридската болница, чувствуваат некаква одговорност, срам или такво нешто овде одамна не постои.




Како е можно во болницата во Охрид, со кој се фалиме дека е некаков регионален центар, да не постои одделение за педијатрија?
Advertisement




Порано охридските педијатри беа познати и признати низ целата држава, сега дојдовме во ситуација ,тоа што беше порано, од селата болните да доаѓаат во Охрид, сега ние да одиме во Струга.




Срам и арам на сите кои го донесоа здравството на ова дереџе.

Advertisement











