30-годишниот Иван кој држејќи се за топка беше спасен од Егејското Море на Халкидики е отпуштен од болницата Папаниколау во Солун, каде што беше хоспитализиран од неделата напладне, јавува грчки Protothema.

Лекарите велат дека тој е во одлична состојба и може да патува, односно да си оди дома со членовите на семејство.

Според информациите на protothema.gr, неколку часа пред лекарите да го пуштат, бил лекуван поради тешка дехидрација.

„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување. Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата Папаниколау.

Advertisement

Тој нагласи дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им порача дека во следните денови ќе ги повика на разговор.

Advertisement