Што бугарската видовита жена го сметала за најважно за зачувување на здравјето?
Многумина трагаат за тајната на долгиот, здрав живот. Не постои еден конкретен одговор, сепак некои луѓе веруваат дека јогата помага, додека други сметаат дека клучот на успехот се крие во здравата исхрана.




Баба Ванѓа, бугарска видовита жена, им ги открила своите совети за долговечен живот на новинарите од руската ТВ Станица Домашни.
Пијте чај од шумско овошје или растенија, што е можно повеќе. Тоа е извор на здравје и чистота.




Не се прејадувајте – тоа доведува до сериозни болести од кои патат сите органи.
Не пушете цигари. Шетајте боси во текот на летните месеци. На тој начин ќе ја зајакнете својата врска со мајката природа.
Сакајте и правете добри работи.




Научете правилно да одмарате. Денот е за работа, а ноќта за спиење. Лежете најдоцна до 22 часот, а станете наутро во 5 или 6 часот.
Еднаш неделно јадете пченица која е натопена со вода. Со тоа ќе го прочистите вашето тело.
Јадете ржен леб за да го одржите своето здравје. Повеќе активности и повеќе работа. Мрзливоста е болест која го уништува телото и душата.




Немојте да се бањате со премногу жешка вода.











