Доколку сакате да живеете долг и квалитетен живот, се што треба да направите е да се преселите во Италија.

Оваа медитеранска земја опкружена со пет мориња е означена како најздрава земја во светот според Глобалниот здравствен индекс „ Блумберг“ од 163 земји. Бебе родено во Италија може да очекува да живее до осумдесеттите.

Иако Италија е меѓу најразвиените земји во светот, нејзиниот раст стагнира со децении, речиси 40% од младите се невработени.

И покрај се, Италијанците се во многу подобра форма од Американците, Канаѓаните или Британците, кои во голем број страдаат од висок крвен притисок и холестерол, како и од ментални здравствени проблеми.

Advertisement

Италијанската кујна има голем придонес за доброто здравје на нацијата. Постои и медитеранска исхрана, богата со зеленчук и девствено маслиново масло, која Италијанците го обожаваат.

На второто место на листата на најздрави земји е Исланд, а трето е Швајцарија, додека на четврто и петто се Сингапур и Австралија. Во меѓувреме, на 4.500 километри јужно, во Сиера Леоне, просечното дете родено сега ќе умре на 52-годишна возраст, пишува „ Индипендент“, што ја прави најлошата земја за живеење според оваа листа.

Секоја земја беше проценета врз основа на очекуваниот животен век, причините за смрт и здравствените ризици, како што се високиот крвен притисок, потрошувачката на никотин, неухранетоста и пристапот до вода за пиење.

Advertisement