Новороденчето го завиткале во најлонска кеса и го фрлиле во канализација, а потоа се случило нешто неверојатно




Недолго по раѓањето на бебето во Индија (само неколку часа, според лекарите), тоа новороденче било оставено на најлошото можно место – во одвод на канализација.
Неидентификуваното бебе, чии родители се непознати, било хоспитализирано откако било спасено од неверојатен спасувач.




Имено, на едно видео, кое е снимено во Харајана, Индија, се гледаат три кучиња скитници како доаѓаат до одводот, го шмркаат и истражуваат, обидувајќи се да откријат од каде доаѓа бучавата. По некое време, едното заминува, но другите две кучиња остануваат да истражуваат.




Откако влегле во одводот, двете кучиња херојски направиле нешто неверојатно. Имено, тие успеале да го грабнат новороденчето и да го извлечат на отворено. Во исто време покрај него минувал мотоциклист. Едно од кучињата го влечело бебето до крајот на улицата, каде било далеку од опасност.




Кучињата скитници почнале да лаат откако го извлекле детето
Според индискиот The Times, откако кучињата го извлекле детето од канализацијата, тие почнале да лаат, привлекувајќи го вниманието на луѓето во близина.
Откако пронашол две кучиња скитници со едвај живо новороденче, маж итно го однел девојчето во болница




Малото тело на девојчето наводно било завиткано во пластика. Лекарите и констатирале неколку повреди на главата. Но, детето беше живо, што беше неверојатно.
– Таа е веројатно дете кое е родено предвреме, по седум месеци бременост – изјави главниот лекар Динеш Кансал.




– Решивме да ја држиме под опсервација, бидејќи трансферот може да биде опасен по живот – изјави тогаш докторот.
На видеото се гледа жена која го фрлила новороденчето во канализација, а потоа побегнала
Истата камера која го снимила чудесното спасување на детето го снимила и моментот кога детето било фрлено во канализација.




Полицијата ја прегледала снимката на неидентификуваната жена, која го фрлила детето во одводот пред да побрза.
Полицијата соопшти дека девојчето ќе остане хоспитализирано и дека продолжуваат да се борат за нејзиниот живот во цивилната болница во Харајана.




Но, благодарение на нејзините херојски спасувачи (животни и луѓе), и покрај суровоста низ која поминала во првите часови од животот, на бебето му била дадена втора шанса за живот.











