Ви носиме посебен рецепт за варено вино во кое ќе уживате за време на новогодишните и божиќните празници.
Вареното вино е еден од омилените зимски пијалоци, а најмногу се приготвува за време на празниците. Составен дел е од новогодишните магии, а ќе ја загрее секоја атмосфера.
Состојки:
- 1 литар црвено вино
- 1 пакетче кора од цимет или кесичка мелено
- неколку каранфилчиња
- 150-200 мл вода
- 5-7 лажички шеќер (или повеќе ако сакате послатко)
Подготовка:
Advertisement
Растворете шеќер во вода, додадете цимет, каранфилче, кора од портокал и варете додека не испари околу половина од водата. Истурете го виното и загрејте додека не зоврие. Послужете во топли чаши.
Advertisement