Повремено стегање или спазам во потколеницата, кој може да се прошири и на бутот, може да настане поради недостаток на минерали во телото, најчесто поради прекумерно потење, но често може да укажува и на сериозна болест.

Местото на стегање, односно болката, укажува дека проблемот е секако во артериите на бутот, а можно е да има и стеснување на артериите во препоните или карлицата, односно стомакот – д-р Драгица Степиќ, специјалист по општа хирургија, изјави за „Новости“

Во тој случај неопходен е преглед кој подразбира чувство на пулсот на нозете и утврдување на присуство или отсуство на промени на кожата на стапалата поради исхемија.

-Потоа следи одредување на колор-доплер-индексот кој го одредува односот на крвниот притисок во нозете и крвниот притисок на рацете, што му укажува на докторот до кој степен организмот успеал да ги снабди нозете со крв преку помали крвни садови.

Advertisement

Д-р Степиќ објаснува дека по прегледот лекарот одлучува дали е потребно веднаш да се направи ангиографија или снимање на крвните садови со контраст и да се преземат некои од методите за реваскуларизација, како што е поставување на стент или бајпас.

Во случај кога ќе се утврди дека нема критично стеснување на крвниот сад, се препорачува третман со лекови. Исто така, многу е важно да пешачите секој ден, дури и над границата на болка, бидејќи го подобрува протокот на крв.

Откажувањето од пушењето е исто така од големо значење , бидејќи е докажано дека ја забрзува и влошува атеросклерозата и неминовно води до компликации, од кои најтешка е гангрената.

Advertisement