Денеска, 30 март, МПЦ и верниците го празнуваат празникот Свети Алексиј Римски, познат како Човек Божји.




Свети Алексиј е роден во Рим за време на царот Хонориј, во угледно и богато семејство. Преданието вели дека неговите родители биле побожни и богоугодни луѓе без разлика на моќта и богатството што го имале.




Алексиј бил нивниот единствен син и бил принуден да се ожени. Меѓутоа, на првата брачна ноќ побегнал и ги поминал следните 17 години како просјак патувајќи од место до место низ Римската империја, ширејќи го христијанството и постојано молејќи му се на Бога.




Свети Алексиј се смета за заштитник на питачите, патниците, болничките работници, аџиите и дадилките. Народот вели дека „Човекот Божји“ се грижи за сите сиромашни и бездушни луѓе и дека на овој ден воопшто не е добро да бркате просјак од врата или да му одбиете милостина затоа што ќе го навредите светителот.




Денеска, велат верниците, задолжително е да се каже оваа молитва на свети Алексиј, за кој се верува дека ги излечил сите болести и од кого течело мирото, бидејќи се верува дека овие зборови лекуваат и повикуваат на чудо.




„Ти се воздигна во добродетелта и откако го очисти својот ум, стигна до Посакуваниот и Возвишениот. Со бестрашност си го украси животот и со чиста совест го прими извонредниот пост. Во молитвите ти беше како бестелесен и како Сонце блескаше во светот, благословен Алексиј“.











