Голем водач и законодавец на народот Израилски. Роден е во Египет, околу 1550 година пред Христа. Четириесет години живееше во Египет на дворецот на Фараонот, четириесет години живееше како пастир во созерцание на Бога и на светот, а последните четириесет години го водеше народот низ пустината во Ветената Земја, којашто ја виде, но не влезе во неа, бидејќи во едно Му згреши на Бога (4Мој. 20,12).




Македонската православна црква и нејзините верници денеска го слават празникот на старозаветниот пророк Мојсеј, водачот и законодавецот на нацијата Израел.




Мојсеј е роден во Египет околу 1300 година п.н.е. Се упокои на границата на ветената земја во 120-та година од својот земен живот.




Денешната проповед зборува за претворање на водата во вино:
– Со Божјото писмо течната вода се претвора во пареа, а пареата во мраз и снег. Со истото писмо, водата во лозата се претвора во вино. Тогаш, какво е чудото за воплотеното Божјо Слово, за Христос нашиот Господ, кој водата ја претвори во вино во Кана? За нас луѓето, помрачените од гревот, тоа е големо чудо; за нашата природа, ослабена од гревот, тоа е чудо недостижно. Но, правејќи чуда, зарем тоа не е вообичаено занимање на Создателот?




Болеста е како вода, здравјето како вино; нечистотијата од злите духови е како вода, чистотата е како виното; смртта е како вода, животот е како вино; незнаењето е како вода, вистината како вино. Оттука, секогаш кога Господ ги правеше болните здрави, нечистите чисти, мртвите живи, заблудените просветлени.




Традицијата вели дека утре наутро треба да одите во црква и да се молите за здравјето на вашите најблиски, а кога ќе се вратите дома треба да пиете малку вино за да останете здрави во текот на целата година.