Оваа смеса, која се пие на празен стомак, го разбива секретот што го олеснува исфрлањето на гнојот и слузта од синусите.




Започнете го третманот на синусите со плакнење на синусите. Наутро исплакнете ги синусите со топла вода и сол 10 дена по ред.
Направете го растворот за плакнење на следниов начин:




Додадете една лажица сол во чаша топла вода. Додадете 1 до 2 капки јод. Потоа загрејте ги синусите 30 минути. Најдобро за тоа е сол или песок. Загреаната сол ставете ја на тенок пешкир, а потоа компресот ставете го на синусите.
Можете исто така да ги загреете синусите со облога од мед. Во малку брашно ставете една лажица мед и малку растително масло, а потоа замесете мазно тесто што личи на пластелин. Ставете го тестото на хартиена крпа, а потоа на синусите. Лапа од мед многу брзо ќе го извади воспалението.




Потоа, се препорачува во текот на денот кога се борите со тешко воспаление на синусите, задолжително да јадете рен или лута пиперка за да ги отпуштите синусите и да исфрлите секрет.
Десет дена можете секое утро да пиете чаша вода во која сте додале малку јаболков оцет. Оваа смеса, која се пие на празен стомак, го разбива секретот, што го олеснува исфрлањето на гнојот и слузта од синусите.




Веднаш штом ќе ги почувствувате првите симптоми на настинка или грип, направете чај од лимон на овој начин: во зовриена вода додадете добро измиен, а потоа излупен лимон во четвртина. Оставете ја водата да зоврие уште 5 минути и потоа извадете го чајот од шпоретот. Кога малку ќе се олади додадете мед и испијте го во мали голтки.




Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!











