Направете ја пастрмката на македонски начин.

Состојки:

  • 2/3/4 пастрмки
  • 2 глави кромид
  • 2 пиперки
  • 2 домати
  • 150 мл масло
  • 150 мл бело вино
  • 3-4 чешниња лук
  • сол
  • црн пипер
  • 2 лимони

Подготовка
Во загреаното масло додадете го исечканиот кромид, а кога ќе почне да порумени, додадете ја сечканата пиперка и пропржете. Потоа се додаваат доматите исечени на коцки, ситно сечканиот лук, сол, бибер, се прелива бело вино и се става сечкан магдонос.

Исчистете ја пастрмката. Не ги отворајте на стомакот, туку на грбот од глава до опашка. Внимателно отстранете го ‘рбетот со коските, но не сечете ја опашката. Потоа извадете го желудникот-утробата. Главата и опашката остануваат на пастрмката.

Advertisement

Исчистената пастрмка измијте ја и избришете ја со хартиена крпа, па пржете ја на врело масло додека не поруменат од двете страни, прелијте ја со маслото во кое се пржат. Подготвениот зеленчук наредете го во внатрешноста на рибата, прелијте го со сок од лимон и прелијте со другата половина. Украсете со парчиња лимон пред сервирање.

НАЗДРАВИЕ!

Advertisement