Резултатите сигурно ќе ве воодушеват




На сите им е добро познато дека машината треба редовно да се чисти бидејќи има лего бактерии во барабанот и остатоци од претходните перење, поради што облеката често дури и не мириса или на ткаенината се појавуваат бели дамки.




Започнете со чистење со миење на фиоката во која се става прашокот за перење. Извадете го од машината, многу е лесно и секоја машина има механизам кој ви овозможува да го извадите, па добро да го измиете од сите страни, бидејќи тука се таложат остатоци од прашина, прашок и омекнувач, кои пак подоцна прават дамки.




По ова исчистете го долниот филтер на машината, кој се наоѓа во долниот дел на машината, има мали врати кои се отвораат.
Потоа дезинфицирајте ја вратата одвнатре со медицински алкохол.




После ова вклучете ја празната машина да се мие на 90 степени. Во фиоката ставете сода бикарбона и сок од лимон или оцет.











