Радијаторите се незгодни за чистење и затоа повеќето луѓе го одложуваат тоа.




Меѓутоа, една жена го откри нејзиниот трик за длабоко чистење на внатрешноста на радијаторот со минимален напор.
Таа користи прашок за перење за чистење . Во мерната чаша ги додала прашокот и зовриената вода, а пред да ја истури течноста во радијаторот, на подот, под радијаторот ставила крпа и пластичен сад за да не се формира локва со вода.




И додека водата била бела сапуница кога се турала, кога излегувала од другата страна добивала темно кафеава боја.
Не само што овој трик темелно ќе ја исчисти внатрешноста на радијаторот, туку и целиот дом ќе мириса убаво .




Видеото собра неверојатни 656 илјади „лајкови“ на TikTok , а многумина беа воодушевени од него, пишува 24sata .




„Ова е одлична идеја! Отсега го правам ова секој втор викенд“, беше еден од коментарите.
Видеото на ОВОЈ ЛИНК











