На денот на венчавката, Ана Стојанова објави фотка како прима инфузија, а неколку часа подоцна, заблеска во уникатна венчаница со висок шлиц која го истакнува нејзиното фит тело и ја круниса љубовта со својот избраник Кирил во вила во Охрид.




Во ноември 2021 година, онлајн фитнес тренерот и една од најфит Македонките, Ана Стојанова имаше запросување како сцена од филм на кровот на ГТЦ, Скопје.
Венчавката се одржа на 2 јули 2022, во вила во Охрид со базен и поглед кон Охридското Езеро.




Со своите фанови Ана сподели дека свадбениот ден го започна со инфузија и напиша: „Сè е ок. Не е лесно да си невеста“.
Неколку часа подоцна, невестата заблеска покрај елегантниот младоженец Кирил, со кој одиграа прв танц под магичното зајдисонце во Охрид.




Ана беше облечена во гламурозна венчаница со висок шлиц, што го истакнува нејзиното фит тело, а косата ѝ беше собрана во ниско опавче.




Македонското трио Trinity Strings биле задолжени за музичкиот дел на почетокот од прославата, а на забавата присутни биле и Роберт и Панки од Куку Леле, според Инстаграм објавите на гостите.
Во текот на ноќта, долгата венчаница Ана ја замени со мини разголен фустан и патики, па ги покажа танцувачките способности.