Според најновата прогноза на Иван Ристиќ, ноември носи пад на температурата, но дури во третата деценија
Последниот ден од октомври е обележан со релативно топло време за овој период од годината, густа утринска магла и променливо време.
Дали ноември ќе донесе пад на температурата, прв минус и снег, откри Иван Ристиќ во најновата временска прогноза.
– Помеѓу сабота и недела, 2 и 3 ноември минува студен фронт но без врнежи. Ќе се задржи суво време и ќе се засили северозападниот ветер. Со тој студен фронт ќе има пад на температурата. Падот најмногу ќе се почувствува на утринските температури кои од недела до понеделник ќе се движат во интервал од 0 до 5 степени. Во повеќе градови ќе има слаб мраз и температури под 0, до -3, -4 степени. Максималната температура генерално ќе биде меѓу 10 и 15, а најверојатно околу 12 степени .
Во првата деценија од ноември се задржува силен антициклон кој ќе донесе суво и стабилно време.
– Во втората деценија полека ќе почне да слабее, од 15 или 16 ноември, а температурата ќе биде помал пораст. Во третата деценија се очекува првото силно заладување кое може да донесе снег и во пониските предели , истакнува Ристиќ.
Затоа во првата деценија под влијание на антициклонот ќе преовладува суво и стабилно време, во втората ќе слабее антициклонот што ќе донесе услови за дожд, а во третата деценија ќе следи засилено заладување.
Ноември потопол и просечно влажен
Просечната минимална температура на воздухот во ноември ќе биде над повеќегодишниот просек, при што нејзината вредност во просек ќе биде повисока за 0,5ºС до 1,2ºС во однос на повеќегодишниот просек, ноемвриската минимална температура се предвидува да биде околу 5,7ºС. Просечната максимална температура на воздухот во ноември ќе биде во рамките на долгорочниот просек, со вредности во просек повисоки за 0,5ºS до 1,0ºS во однос на долгорочниот просек.
Просечната минимална температура на воздухот во јануари ќе се задржи во рамките на долгорочниот просек, при што нејзината вредност во просек ќе биде повисока за 0,5ºС до 1,0ºS во однос на долгорочниот просек.
Просечната минимална температура на воздухот во февруари ќе биде над повеќегодишниот просек, при што нејзината вредност во просек ќе биде за 1,0ºS до 2,0ºS повисока од повеќегодишниот просек.