На почетокот лекарите мислеле дека е во друга состојба, но по деталниот преглед дошле до заклучок дека стомакот на тинејџерката е полн со паразити.




Дванаесетгодишно девојче неодамна заврши во болница поради силни болки во стомакот.
Докторите најпрво мислеле дека е во друга состојба, но по деталниот преглед дошле до заклучок дека стомакот на тинејџерката е полн со паразити со кои мајка ѝ ја хранела за девојката да стане Мис Флорида.




Амбициозната мајка подоцна признала дека ја хранела својата ќерка со јајца од тенија, кои брзо се извеле во нејзиниот стомак.
Ова не е прв случај да се користи овој метод за слабеење. Иако лекарите постојано предупредуваат дека е можно да се ослабне на поздрав начин, овој метод се користи веќе 100 години.




Некои тенија можат да пораснат и до 30 метри и да живеат во стомакот на човекот до 20 години, но можат да доведат и до смрт, пишува zena.blic.rs.
Овој настан беше цел на негативни коментари од јавното мислење.




Можеше да се слушне како поради ваквото злоставување е неопходно да се преземе старателство над децата, бидејќи повеќето од овие девојки не сакаат да го прават тоа, туку се принудени од родителите.




Од друга страна, многумина не ја осудуваат мајката, како и чинот на жртвување на здравјето на сопствената ќерка заради исполнување на желбата на мајката, туку виновните избори кои треба да се укинат.











