Бајадерата е една од оние колачи кои брзо се прават, а ги освојуваат сите со нивниот вкус. Токму затоа тие се чест избор на домаќинки речиси за сите прилики.




Ако и вам ви се допаѓаат, но ретко ги правите, ви носиме стар рецепт кој ќе го обожавате.
Состојки:
- 500 гр шеќер
- 200 мл вода
- 200 гр мелени бисквити
- 150 гр мелени ореви
- 125 гр маргарин
- 3 коцки чоколадо








За прелив:
- 3 коцки чоколадо
- малку маргарин или масло
Подготовка:
Шеќерот и водата се ставаат да зовријат, се тргаат од оган и се оставаат да се изладат 5 минути. Измешајте ги бисквитите и оревите, прелијте со шеќерот песок и додека е уште топол додадете го маргаринот и сè убаво измешајте.




Смесата поделете ја на два дела. Еден дел останува таков каков што е. Во вториот дел од смесата додадете ја растопената чоколада.




Направете еднакви правоаголници од двата дела и посветлиот дел ставете го над темниот додека смесата е сеуште топла. Добро притиснете и оставете да се излади, а потоа покријте со глазура











