И 15 години по неговата смрт, хитовите на Тоше Проески се слушаат и денес.

Легендарниот пејач загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац, а имаше само 26 години.

Еден од неговите најголеми хитови секако беше песната „Соба за тага“ , а малкумина знаат дека зад овој текст се крие тажна приказна.

Имено, стиховите од овој хит наводно ги напишал маж во затвор кој издржувал казна за убиство на љубовникот на неговата сопруга.

Advertisement

Текстот стигнал до менаџерката на Тоше, која му предложи на пејачот да ја сними песната, а останатото е историја.

Според медиумите, авторот на овие стихови наводно не сакал пари за песната, туку сакал само посвета на оригиналниот албум кој го добил.

Advertisement