Во овој период од годината има многу домати. Искористете го правилно. Малечките шери домати на овој начин се одличен додаток за салата во зимскиот период.
Состојки:
1,5 кг шеrи домати
малку рузмарин
Advertisement
4 чешниња лук
босилек
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
бибер во зрно
мешавина од суви зачини по вкус
Состојки за преливот:
400 мл вода
100 мл алкохолен оцет
Подготовка:
Во тенџере ставете вода и оцет и додадете зачини. Оставете ја водата да зоврие. Во тегли наредете ги доматите, лукот и рузмаринот. Потоа истурете го сварениот прелив. Пастеризирајте ги теглите.
Се прави пастеризација на овој начин: Ставете ги теглите во рерна 90 минути на 90 степени. После тоа, исклучете ја рерната и оставете ги преку ноќ.
Advertisement