Црните точки кои најчесто се појавуваат на носот, челото и брадата не се резервирани само за тинејџерите, туку има лек за нив. Во потешките случаи користете специјални препарати, а во поблаги случаи се доволни природни лекови.

За да се ослободиме од постојаните митесери, прво треба да разбереме што всушност се тие, објаснуваат дерматолозите. Тие во никој случај не се обични мозолчиња, туку акумулации на секретираниот природен себум во порите, пишува 24сата.

Овие мали црни точки најчесто ги покриваат носот, брадата и челото, а мрсната кожа е повеќе склона кон нив бидејќи лачи повеќе маснотии. Тие потемнуваат во контакт со воздухот, бидејќи сите митесери се всушност жолтеникави по боја, но на површината на кожата добиваат потемна боја.

Повеќето луѓе погрешно веруваат дека агресивниот пилинг ќе го спречи нивното појавување, но дерматолозите објаснуваат дека митесерите се наоѓаат подлабоко од површинскиот слој, па ваквите третмани само им го отстрануваат капачето и непотребно ја оштетуваат, односно ја разредуваат кожата. Пилингот треба да биде нежен и да не се применува повеќе од еднаш неделно, вели угледниот американски дерматолог Рејчел Назаријан.

Advertisement

Хемиски раствори

Од хемиските раствори посочува дека најефективна е салицилната киселина која се нанесува во вид на гел за чистење. Може да се најде во многу производи од аптеки. Оваа киселина ја отстранува мртвата, површна кожа од лицето и не само што ги отпушува веќе формираните митесери, туку помага да се спречи повторното затнување на тие дупки на кожата.

Може да помогнат и ретиноидите, но само за кожа која не е чувствителна, односно посоодветна е за зрела и мрсна кожа. Локалните ретиноиди се деривати на витаминот А кои не само што го намалуваат воспалението, туку и спречуваат лепење на клетките и блокирање на порите. Покрај тоа, тие помагаат да се намалат флеките и лузните.

Во споредба со салицилната киселина, бензоил пероксидот е помалку ефикасен во спречувањето на создавање на митесери, но е добар во комбинација бидејќи има антибактериско дејство и ги смирува воспаленијата околу порите.

Најдобрите природни лекови

Митесерите ја чистат и храната од кујната, а маските се препорачуваат да се нанесуваат еднаш неделно. Со нив можете да одржувате чиста состојба, но митесерите сепак ќе се појават одвреме-навреме, вели дерматологот, кој смета дека природните лекови се секогаш добредојдени бидејќи благотворно делуваат на кожата.

Цимет

Една кафена лажичка мелен цимет треба да се измеша со две лажички мед во сад. Пастата потоа треба да се нанесе на критичните точки и да се остави да делува најмалку 15 минути пред да се измие.

Сок од лимон

Одличен сојузник во борбата против митесерите е лимонот богат со витамин Ц. Ги стеснува порите, ги отстранува мртвите клетки од кожата и ја дезинфицира кожата. Доволно е исцедениот сок од лимон да го нанесете на лицето и да го оставите да делува околу половина час и потоа да го измиете. Треба да бидете внимателни со сокот од лимон и да не го користите почесто од еднаш на две недели.

Зелен чај

Зелениот чај прво треба да се свари, а потоа да се излади на собна температура. После тоа, на црните точки се нанесува памук и се мие по 10 минути. Антиоксидансите од чајот помагаат во чистење на себум и намалување на воспалителните процеси. Делува како природен тоник.

Meд

Загрејте една лажица мед, почекајте да се излади на собна температура и потоа нанесете ја на лицето. Погрижете се медот да не е премногу топол. Оставете да делува 10 минути и потоа исплакнете со млака вода. Медот ги чисти митесерите и во исто време има антибактериско дејство.

Advertisement