Дали сте за коцкање? Да, понекогаш може да биде „заразно“, но има среќници кои добиваат многу почесто од другите.

Британскиот Дејли Мејл објави кои се најсреќните хороскопски знаци кога станува збор за коцкањето. На прво место се Рибите, кои освоија повеќе награди на лотарија од кој било друг знак во текот на минатата година.

Родените помеѓу 19 февруари и 20 март освоиле 11,6 отсто од сите добивки на лотарија. Веднаш зад Рибите се Близнаците, а играчите од овој хороскопски знак освоиле 9,9 отсто од добивките, додека Девиците со 8,9 отсто и Водолиите со 8,5 отсто имаат еден отсто помалку.

Најмалку среќа имаат Стрелците бидејќи само шест проценти од припадниците на овој знак добивале премии во игрите на среќа.

Advertisement
Advertisement