Секој ужива во јадењето гулаш, а неговото подготвување е уметност.




Состојки за 10 лица:
- 1,5 кг кромид
- 200 мл масло
- 20 гр сол
- 2,5 кг говедско месо
- 30 гр зачини за јадење
- 10 гр пиперка
- 50 гр мелена црвена слатка пиперка
- 30 гр мелена црвена лута пиперка
- 5 гр лук








Подготовка
Кромидот исечкајте го на коцки и ставете го во тенџере, додадете масло, а веднаш потоа посолете за подобро да се соедини кромидот.
Advertisement




Варете го додека не добиете желатин, т.е. густа маса. Говедското месо исечкајте го на коцки (2,5х2,5см) и додадете го во динстаниот кромид, па прелијте со вода колку да го покрие месото.
На сето тоа додадете зачини, бибер, мелена црвена слатка пиперка, мелена црвена лута пиперка, лук и оставете да се вари 2-3 часа на умерен оган (во зависност од месото).




Кога сето тоа убаво ќе се собере, т.е. се згусне, гулашот е готов за јадење.
Advertisement











