Наш читател по име Зоран, пушти во порака текст во кој сведочи што му се случило пред неколку дена при посета на Гевгелија.

Почитувани, решив ова да го споделам со сите вас бидејќи мислам дека работава не е така позната, а и верувам ќе ви привлече внимание. Имено пред неколку дена, по подолг период решив да заминав во Гевгелија од приватни причини.
При самиот влез бев пријатно изненаден, градот се променил, многу нови објекти и приватни стоматолошки ординации.

Многу реклами на објекти испишани и на грчки јазик, за момент може да помислиш дека си кај нашиот јужен сосед.
Додека се возев, во автомобилот со клима беше пријатно, а откако излегов на сонцето веднаш на сопствена кожа ја почуствував топлината и жешкото време.

Како што ви споменав ги завршив приватните обврски што ги имав, па решив да се видам со неколку пријатели од Гевгелија. Тоа и го сторив и седнавме во еден локал во самио центар на градот.

Advertisement

Убаво и пријатно место, климатизирано, перосналот културен и услужлив. Веднаш што ми падна во око е што на околните маси имаше странци, зборуваа на англиски јазик.

Го прашувам другарот и ми вели, па тука е вообичаено, доаѓаат нашите и се смее. Го прашувам кој наши, а тој ми вели па Грците, тие веќе си ги сметаме како наши, ги има се повеќе и почесто.
Така жеден и испотен од топлото време си нарачувам цеден сок од портокал кој ми пристигна брзо и беше навистина вкусен, без оние финти мешан и разредуван со вода.

Со другарот си напраивме троа муабет и дојде време да ја повикам сметката за да ја платам. Се случи тоа, но јас останав подзачуден. Ја плаќам сметката, прилично ефтино.
Откако си замина келнерот гледам цедениот сок 70 денари, си велам, ај мајката ова мора да е грешка, го прашувам другарот и тој ми потврдува дека е толку.

Јас се уште не верувам и го земам менито и има што да видам. Токму така, си пишува убаво цедени сокови 70 денари. И веднаш си правам една споредба.

Ајде што Охрид и Скопје се скапи, по 150, 160, па и 200 денари цеден сок од портокал, ама што да кажам за градови како Штип, Кочани и така натаму каде што цедениот сок е 120, 140 денари. Се чудам самиот и си велам, па добро бе, тие портокали таму да не ги носат од Малдиви.

Advertisement