Не грижете се ако нивото на шеќер во крвта е над „нормалното“, тоа може да биде просек за вашата возраст.

Кое треба да биде „нормално“ ниво на шеќер во крвта за луѓето над 60 години? А оние кои се во 30-тите? Лекарите велат дека не е исто.

Вредностите од 3,3-5,5 mmol/L се сметаат за „нормални“ доколку припаѓате на возрасната група од 14-60 години. Кај децата, индикаторите се нешто пониски, а кај постарите – повисоки.

За различни возрасти, вредностите се како што следува:

Advertisement
  • за новороденчиња – 2,8-4,4;
  • кај деца под 14 години – 3,3-5,6;
  • за лица на возраст од 14-60 години – 3,3-5,5;
  • кај постари лица (60-90 години) – 4,6-6,4;
  • кај многу постари лица (над 90 години) – 4,2-6,7 mmol / l.

Без разлика дали имаат хронично заболување, дури и ако вадат крв на празен стомак, гликозата во крвта треба да биде во границите на нормалата, можеби малку покачена ако лицето консумирало шеќер, велат лекарите. Еден од показателите за преддијабетична состојба е тримесечен шеќер, кој исто така се одредува со анализа на крвта.

Доколку неговите вредности не се во нормални граници, треба да се консултирате со ендокринолог и да ги направите потребните анализи, пренесува „ Мондо “.

Advertisement