Иако ракометарката Андријана Будимир му беше последната девојка на Тоше Проески, таа сепак не била љубовта на неговиот живот.

Љубовта на неговиот живот, со која телефонски се слушал до самиот крај, била Благица Мицова Ристовска, со која покојниот пејач започнал врска во 1998-ма година. Биле заедно до 2002-ра година, кога прекинале поради преголемата популарност која ја доживеа Тоше.

Врската ја обновиле после неговиот настап на Евровизија во 2004-та година, па повторно прекинале во 2006-та година.

Сепак, пријателите на Тоше тврдат дека тие двајца се допишувале сè до неговата смрт и дека на поранешната девојка постојано ѝ испраќал карти за концерт. Наводно во нејзиниот телефон сè уште стојат неговите пораки.

Advertisement

Advertisement