Мусака со боранија, подготвена на овој начин, повеќе ќе ви се допадне од класичната со компири!
Најважно во овој рецепт е боранијата да нема жили. Сè друго самото ќе се „среди“. Пријатно!
Компоненти:
- 1/2 кг млада жолта или зелена боранија
- 1/2 кг мелено месо
- 4 чешниња лук
- 1 голем морков
- 1 голем кромид
- 1 голем компир
- 4 јајца
- млеко
- 1 лажица брашно
- сол, бибер, органски зачин
Боранија
Advertisement
Подготовка:
1. Боранијата се сечка. На масло пропржете го кромидот, меленото месо и ренданиот морков и на крај додадете ги зачините. Посебно изматете четири јајца со млеко и една лажица брашно.
2. Прво наредете тенко исечени компири во подмачкан плех (за полесно отстранување). Згора се става ред боранија, ред мелено месо, се покрива со смесата со јајца и се повторува додека не се потрошат сите состојки.
3. Се пече во рерна додека садот не порумени, па се сервира топол со лажица кисела павлака или млечен крем.
Advertisement











