Анабела доживеа вистински пекол по една ваква бурна ноќ, поточно откако го прослави својот 25-ти роденден.

Вообичаено после бурна ноќ и пиење алкохол, следниот ден ги чувствуваме последиците од мамурлакот, а главата речиси ни се „распаѓа“ од болката. И до крајот на денот сме „добри како нови“, симптомите исчезнуваат.

Но, тоа не беше случај со Анабела Мулт (38) од Велика Британија. Таа по една ваква бурна ноќ доживеала вистински пекол, поточно откако го прославила својот 25-ти роденден.

Освен што се разбудила следниот ден со неподносливи болки во главата, таа не можела ниту да се движи. Настанала општа паника, а сопругот Ден веднаш отишла во болница за лекарите да откријат што не е во ред.

Advertisement

После три дена состојбата се влошила, го изгубила видот и останала парализирана од половината надолу. Лекарите и дијагностицирале „neuromyelitis optica“, ретка состојба во која имунолошкиот систем ги оштетува ‘рбетниот мозок и оптичките нерви. Иако болеста секогаш била присутна во Анабела, дијагнозата била поставена дури по две години.

Шокот дошол дури кога лекарите по бројните тестови и рекле дека никогаш повеќе нема да може да гледа. На скенерот бил забележан оток на мозокот, по што и била препишана адекватна терапија. Освен на лекови морала да оди и на физиотерапија и завршила во инвалидска количка.

Анабела се навраќаше на тешките моменти низ кои минуваше. Поради дебелеењето низ главата и поминувале разни мисли, како љубовта на сопругот кон неа, додека патувањето до работа во инвалидска количка било неопислив товар. Исто така, од почетокот морала да „научи“ како да се облекува или да се капе.

Сепак, без пријателите и семејството, таа не би можела да продолжи.

Со текот на времето добила мотивација да продолжи да вежба, а како најважно издвоила дека е пресудно да се има позитивен став и да се биде психички силна за да се продолжи понатаму. Токму ваквиот начин на размислување започнала и ја поттикнала да патува низ целиот свет, од Хонг Конг и Сиднеј, до Јужна Африка и Јапонија.

На крајот, таа рече:

„Сакам луѓето да веруваат во себе и да сфатат дека додека се соочуваат со темни и тешки денови, треба да учат од нив и да станат најдобрата верзија од себе“.

Клучот е да имате позитивен став и да бидете ментално силни. Нема да дозволам инвалидска количка да ме сопре, а ни вие!“

Advertisement