Пред нас е нова работна недела, а за многумина е вистински предизвик да смислат што да зготват за ручек секој ден. Затоа ви носиме пет одлични предлози за здрав и брз ручек.
Понеделник – Пилешко со зеленчук во рерна
Состојки:
-
Пилешкo филе
Advertisement -
Тиквички, пиперки, моркови, кромид
-
Маслиново масло, сол, бибер, оригано
Подготовка:
Сè се сечка, се зачинува и се пече во рерна 30–40 минути на 200°C. Без пржење – лесно, здраво и богато со протеини и влакна.
Вторник – Мисиркино месо во кари сос со интегрален ориз
Состојки:
-
Мисиркинo филе
-
Грчки јогурт или павлака со малку масленост
-
Кари, лук
-
Интегрален ориз
Подготовка:
Мисиркинoто месо се динста на малку маслиново масло со лук, се додава јогуртот и кари зачин. Се сервира со интегрален ориз. Оризот се потопува од вечерта, се пропржува со малку путер и лук, па се додава пилешка супа колку да го покрие. Кога ќе зоврие и ја впие течноста – готов е.
Среда – Лесна чорба од леќа и зеленчук
Состојки:
-
Леќа
-
Морков, целер, кромид, лук, домати
-
Зачини: ловоров лист, бибер, магдонос
Подготовка:
Сè се вари заедно додека леќата и зеленчукот не омекнат. Заситува и е совршено за ден без месо.
Четврток – Лосос на тава со блитва и компири
Состојки:
-
Филе од лосос
-
Блитва, компир
-
Маслиново масло, лимон
Подготовка:
Лососот се пече кратко на тава (или во рерна). Се сервира со варена блитва и компир, прелиени со маслиново масло и лимон.
Петок – Похуван модар патлиџан во рерна + грчка салата
Состојки:
-
Модар патлиџан, јајце, презла (или овесни снегулки)
-
Домати, краставици, маслинки, фета сирење
Подготовка:
Модриот патлиџан се панири и се пече во рерна без пржење. Се служи со лесна грчка салата со умерено количество сирење.











