Родителите слушнале непријатен крик од бањата во која била нивната ќерка. Поради алергиска реакција девојката не можела нормално да дише.

Откако 13-годишната Емилија ставила препарати и соли во бањата за попријатно искуство, се случило сосема спротивното поради алергиска реакција која настанала поради – млекото.

Емилија инаку е алергична и мораше да ги приспособи сите животни навики на алергиите. Но, не очекувала дека ќе заврши во болница поради бањањето.

Откако нејзините родители слушнале врисоци од бањата, дотрчале и ја затекнале како се мачи и се обидува да дише. Ја повикале брзата помош која пристигнала, и дале адреналин и антихистаминици и ја однеле во болница, пишува Мирор .

Advertisement

Родителите се исплашени и огорчени

Девојчето е во болница каде се опоравува, додека нејзините родители се исплашени и огорчени. Стравуваат дека можеби се случило да не слушнале за тоа или да не биле дома, а во исто време се обидуваат да покренат кампања со која козметичките компании мора конкретно да истакнат одредени состојки кои се алергени.

Имено, родителите го прочитале составот на производот и само со „лупа“ успеале да најдат предупредувања на препаратите.

Сепак, компанијата излезе со свое видување на ситуацијата и предупреди дека ако згуснат одредени алергени и состојки на производот, тоа може да ги наведе луѓето да превидат некои други алергени со потенцијално несакани ефекти.

Во секој случај, овој непријатен настан служи како потсетник дека со козметиката треба внимателно да се постапува доколку сте чувствителни, бидејќи сепак се работи за хемикалии.

Фала му на Бога што родителите на оваа тинејџерка беа таму и што со брзи постапки и го спасија животот на ќерката.

Advertisement