Џеси Кар се покаја откако направи „мачкини очи“, но враќањето на стариот изглед донесе уште повеќе проблеми.

Би се рекло дека трендот на „ мачкини очи “ продолжува, па многу јавни личности, но и „обичните“ девојки, одат на оваа естетска корекција во желбата да изгледаат поубаво.

Една од нив е Џеси Кар, која долго време имала желба да се подложи на тој третман, но за жал резултатите кои ги добила не ги исполниле нејзините очекувања.

Џеси имала впечаток дека прави сериозен ботокс и едноставно не и се допаѓа одразот во огледалото, па решила да ја откаже корекцијата.

Advertisement

Сепак, и тогаш немала многу среќа.

По нејзината интервенција, Џеси имаше страшни отоци и болки:

– Вака изгледам во моментов, се чувствувам толку грдо. Изгледам како да имам топчиња за голф во главата, но сега се чувствувам уште полошо, бидејќи имам многу отоци околу очите. Изгледам како друга личност.

Болката е веројатно 9 од 10 кога не пијам лекови, тоа е интензивно чувство на притисок во слепоочниците. Чувствувам дека главата ќе ми експлодира, ја имам најлошата мигрена досега, па дури и вилицата ме боли, мислам поради притисокот – рече меѓу другото Џеси и истакна дека најмногу жали поради мачкините очи.

Иако и требаше долго време, Џеси се опорави, а процесот на закрепнување го објави на социјалната мрежа TikTok.

Еве како изгледаше тоа:

@_jessiecarr

Swollen gal vlog #fyp #foxeyethreadremoval #foxeyethreads #foxeyethreads #foxeyethreadlift

♬ Woman – Doja Cat

Advertisement