Верувале или не, пиењето едно пиво дневно е исклучително добро за вашите црева




Луѓето кои пијат шише пиво со вечера секоја вечер имаат поздрави црева и поширок спектар на добри бактерии, покажува новото истражување. Научниците велат дека ова може да им помогне да се одбранат од сериозни болести,
Резултатите од оваа студија покажуваат дека пиењето пиво ја зголемува разновидноста на цревните бактерии без значајна промена на телесната тежина“, вели професорката Ана Фариа за Journal of Agriculture and Food Chemistry.




Пониската бактериска разновидност е поврзана со дијабетес и срцеви заболувања.
Утврдено е дека пивото има зголемено ниво на хранливи материи наречени полифеноли и други хемикалии кои го спречуваат оштетувањето на клетките.




Професорот Фарија објасни: Пивото е главниот и веројатно единствениот извор на полифеноли од хмељ во човечката исхрана. Хмељот содржи и ксантохумол, за кој студиите покажуваат дека го намалува ризикот од хронични болести, вклучително и дебелина и дијабетес.




Дијабетесот погодува повеќе од пет милиони Британци, а срцевите болести предизвикуваат една од четири смртни случаи, со повеќе од 7,6 милиони заболени. Сите мажи во студијата биле на возраст меѓу 23 и 58 години, редовно пиеле и немале сериозни здравствени проблеми.




Секако, таа нагласи дека пиењето алкохолни пијалоци мора да биде под контрола, за да не се поништат позитивните ефекти











