Попара е стар југословенски појадок кој денес е малку заборавен.




Некогаш сите уживаа во оброк направен од стар леб и сирење, така се воспитуваа генерации, а денес речиси децата не ни знаат што е тоа.
Домаќинките од Југославија добро го знаеле рецептот за највкусната старомодна попара, а доколку сакате да го пробате овој специјалитет, нема да зажалите.




Состојки:
- половина бајат леб
- 1 шолја млеко
- 3 чаши вода
- 1-2 парчиња сирење
- сол




Подготовка:




Лебот исечкајте го на коцки и ставете го во тавата. Истурете млеко и вода и измешајте. Додадете го искршеното сирење и посолете ако сирењето не е солено. Варете додека лебот не ја впие течноста. Послужете топло.




Попара е традиционално јадење кое полека паѓа во заборав, а покрај тоа што се подготвува лесно и брзо, една од главните карактеристики е што е неверојатно евтина, па за овој појадок не ви треба речиси ништо.











