Тие го оштетуваат здравјето

Хемороидите претставуваат воспаление на долниот дел на дебелото црево и аналниот отвор, кое е придружено со чешање, болка, оток и на крајот многу непријатно крварење.

Причините за појава на хемороиди се многубројни, а една од најчестите е хроничната констипација.

Со оваа болест можете да живеете со години, а важно е да следите некои правила во исхраната за да ја држите болеста под контрола и да избегнете проблеми кои сериозно можат да ни ги нарушат секојдневните активности.

Advertisement

Прво и најважно е регулирањето на исхраната. Тоа е единствениот начин да си обезбедите долгорочно решение за хемороидите, а еве што апсолутно не треба да јадете доколку го имате овој проблем.

  • Индустриски преработена храна
  • Преработени житарки
  • Лаксативи
  • Кофеинот
  • Алкохол
  • Пржена храна
  • Незрело овошје
  • Млечни производи
  • Масна и зачинета храна
  • Премногу слатка и премногу солена храна
  • Храна која тешко се вари
  • Храна која ја затегнува столицата
  • Сите претходно наведени намирници предизвикуваат иритација, спречуваат
  • празнење на цревата и доведуваат до запек. Затоа, треба целосно да се исфрли од исхраната или барем да се сведе на минимум.

Храната која е богата со влакна, овошје и зеленчук позитивно и благотворно делува на целиот дигестивен тракт, а од клучно значење е внесувањето на доволна количина на вода во организмот.

Ова им овозможува на цревата да работат нормално, а со тоа и хемороидите ќе стивнат и нема да создаваат проблеми кои го нарушуваат нормалниот живот.

Хемороидите се цревна болест со која можете да живеете и да не умрете, но која може да биде пречка за нормално извршување на секојдневните обврски. Во најтешките случаи, тоа доведува до отежнато движење, а силната болка, која често е присутна, е знак дека сè уште е неопходно болничко лекување.

Операцијата е единствениот начин засекогаш да се ослободите од овој не толку едноставен проблем, а за да не се случи, треба да се потрудите да водите поактивен и поздрав живот.

Advertisement