Помина речиси половина век од првиот дел на култните „Чарлиеви Ангели“, а токму улогата во оваа криминална серија и донесе светска слава на Жаклин Смит. На крајот на 70-тите, таа се етаблира како своевиден се* симбол, а со својот совршен изглед може да се пофали и денес, иако веќе навлегува во осмата деценија!

Имено, Жаклин во октомври ќе го прослави својот 77 роденден, но нејзините фотографии не го покажуваат тоа. Уште повеќе, таа изгледа речиси подеднакво младешко и занес како кога блескаше и гореше како ангелот на Чарли.

Таа неодамна на Инстаграм сподели фотографија на која позира во фармерки и бела кошула, со ноншалантни бранови во косата и светла шминка, а никој не би погодил дека оваа дама има повеќе од 50 години! Таа има лице без брчки, одлично држење, негуван тен и бујна коса, па навистина е тешко да се поверува дека оваа дама се ближи до 80-тата година од животот.

Иако веруваме дека естетската хирургија имала рака во нејзиниот фантастичен изглед, Жаклин е многу посветена на негата на кожата и телото – таа не ја прескокнува својата естетска рутина, а редовно вежба и практикува јога.

Advertisement

Во една прилика открила и дека волшебното зелено смути кое го пие секој ден има удел во тоа што изгледа младешко, но и полно со енергија, па го сподели рецептот за истото.

„Ова е многу вкусно и ми дава енергија. Еве го рецептот. Ставете половина краставица, половина јаболко, едно стебленце целер, едно парче ѓумбир, 1/4 чаша спанаќ, 1/4 чаша кељ, сок од 1/4 лимон во блендер.вода да покрие половина од истурените состојки, добро изблендирајте и истурете во омиленото шише. Уживајте“, напиша таа.

Инаку, г-ѓа Смит е среќно мажена за хирургот Бред Ален од 1997 година, а тој е нејзиниот четврти сопруг. Таа има две деца – синот Гастон и ќерката Спенсер, а ги добила за време на третиот брак со режисерот Тони Ричмонд.

Advertisement