Треба ли бебето да биде веган или вегетаријанец?
Трендовите во исхраната отсекогаш биле дискутабилни, посебно кога станува збор за децата кои не можат самостојно да одлучат како ќе се хранат.




Една мајка предизвика посилна дискусија на социјалните мрежи поради објава дека нејзиниот сопруг не прифаќа дека седмомесечното бебе им е веган.
Објавата датира од август минатата година, а во неа мајка бара совет како да избегне на бебето да му дава месо, а да во исто време го убеди сопругот во нејзините верувања.




Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост.
-Добар ден. Имам бебе од седум месеци. Веганче од раѓање, дури сега започнавме да користиме лажиче. Пред некој ден правевме крвна слика. Хемоглобинот и е 113, докторот вели дека е добро и дека не се потребни воведување на препарати како железо, но дека мораме со храна да ја избалансираме. Педијатарот е упорен дека тоа мора да се реши со месо.




-Педијатрот е за опцијата да мора да се воведе месо барем еднаш неделно, и за месец дена да ја повториме крвната слика, па доколку се биде во ред со бебето, тогаш да биде вегетаријанче. За веганство баш и не е.
Очајна сума. Тешко ми е. Дури на памет ми паѓа да и дадам неколку пати па да кажам дека забележав дека и смета, дека е алергична. Дека нема столица откако сум вовела месо. Сакам да сложам приказна дека таа всушност не јаде месо. А по можност ништо животинско. Имате ли некој совет како да се изборам со ограничени личности? – прашала мајката.




Нејзиниот пост предизвика жестока реакција на социјалните мрежи. Кој е вашиот коментар?











