Скопјани не треба да се грижат.




Скопје има подготвено доволно извори на енергија за оваа грејна сезона, системот е целосно подготвен и граѓаните не треба да се грижат бидејќи становите ќе бидат топли.




Би било добро да се однесуваме рационално, но нема да дозволиме становите да бидат постудени од претходните години, бидејќи тоа ќе биде товар. Ќе се обидеме да ја зачуваме енергетската стабилност на цела земја со тоа што ќе ги загрееме становите




Балкан енерџи груп (БЕГ) ги повикува потрошувачите, куќните совети и управителите да проверат дали зградите се подготвени за грејната сезона и порачува дека само доколку се исполнети сите предуслови, топлинската енергија ќе може непречено да биде доставувана до сите потрошувачи.




Нагласуваат дека согласно законските прописи, грејната сезона може да почне секој ден по 1.10, доколку временските услови тоа го наложуваат и додаваат дека сите подготовки на системот за централно греење се направени од нивна страна и е целосно подготвен за новата грејна сезона.




За да може грејната сезона да започне насекаде и навремено, неопходно е станарите да ги завршат проверките и интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи. Исто така, Заедниците на сопственици на станови или управителите, за службените лица на компанијата треба да овозможат непречен пристап до топлинските станици во зградите и да обезбедат постојано напојување со електрична енергија, неопходна за нивно редовно фунционирање – платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација.




Само доколку сите овие предуслови бидат исполнети, потенцираат, ќе може непречено да биде доставена топлинската енергија до сите потрошувачи.











