Бабите имаа решение за се!




Саламурата содржи многу витамини и минерали кои се наоѓаат во зелката, поради што се препорачува полна чаша наутро и уште една попладне за побрзо дејство.




Три лажички саламура испиени пред оброк им помагаат на луѓето со хроничен запек.




Што е тоа кај овој пијалок што го прави високо ценет како лек? Најпрво во неа се „вселиле“ сите витамини од кисела зелка. Пред се, содржи огромни количини на витамин Ц, инаку најдобар сојузник против настинки. Богат е и со витамин Е, совршен антиоксиданс, витамин К, важен за коагулација, како и витамини од Б комплексот.




Еден од најретките, кој помага при лекување на чир на желудникот и дуоденумот. Минералите во саламурата вклучуваат калиум, калциум, фосфор, сулфур, што му дава антисептички својства. Освен овие, во завидни количини ги има и железото, бакарот, цинкот и магнезиумот.




Искуството на народната медицина покажало дека саламурата е поделотворна ако за време на мариноването меѓу редовите зелка се стават лозови листови, грозје, дуња исечкана на кришки или јаболка, ким, анасон. И нужно, што е можно помалку сол.




Со оглед на тоа дека минералот калиум го поттикнува излачувањето на водата од телото, луѓето кои боледуваат од ревматизам и гихт треба да пијат и саламура. Секојдневното пиење на овој сок помеѓу оброците помага при дијареа и воспаленија на цревата. Против чир на желудникот се препорачуваат три чаши до литар саламура, во текот на денот во мали голтки, три до четири недели. Бидејќи го забрзува варењето, саламурата се препорачува како важна состојка во диетата за слабеење. Млечната киселина во неа го зајакнува имунолошкиот систем и ја обновува цревната флора.




Фитонутриентите како состојка го штитат организмот од слободните радикали, причинители за оштетување на клеточните мембрани.
Саламурата содржи и ензими кои учествуваат во детоксикацијата на организмот, поради што се препорачува за мамурлак. Поддржувачите на народната медицина тврдат и дека ја намалува можноста за рак на белите дробови, желудникот, цревата и простатата. А земањето по една голема лажица од овој пијалок на секои половина час може да помогне во чистењето на бронхиите од хронична кашлица. За да се добие посакуваниот ефект, саламурата треба да се зема подолго време, помеѓу месец и месец и половина. Во комбинација со сок од морков, тој е одличен за луѓе со докажан недостаток на калциум или остеопороза.




При конзумирање на саламура треба да внимавате да не биде солена, а доколку е да се разреди со вода.
Саламурата е добра и против тинитус. Навечер, пред спиење, треба да намокрите памук со саламура, а потоа да го ставите во уво. Треба да спиете со памучна вата и да ја извадите наутро. Постапката треба да се повторува додека не исчезне глувоста, а поборниците на народната медицина тврдат дека дава одлични резултати.











