Откако повторно се појавија фотографии од разурнатиот дом на познатата пејачка, многумина се запрашаа кому всушност го оставила имотот.
Фотографиите од уништениот дом на легендарната пејачка Есма Реџепова повторно почнаа да кружат на интернет и го отворија прашањето кој е задолжен за имотот откако таа почина.
Интересно е што тестаментот е отворен една година по нејзината смрт – во 2017 година во Скопје, а нејзината одлука ги изненади потенцијалните наследници со оглед на тоа што целиот свој имот го остава на државата Северна Македонија.
-Со години велеше дека сака да им го остави домот на културата и хуманоста и тоа ветување го исполни. Вечерва беше отворен тестаментот на Есма Реџепова Теодосијевска во кој едноставно и јасно е наведено дека таа сиот имот и го остава на државата . Така таа го исполни своето ветување. Есма многу ја сакаше Македонија и Македонија ја сакаше Есма. Секогаш кога патувала низ светот, во секоја изјава и интервју ја споменувала Македонија. Во срцето носеше македонска песна, душа и мисла. Постојано велеше дека е горда на својата Македонија. Затоа сиот имот и го остави на Македонија – изјави за радио „Слободна Македонија“ Зорана Костовска, најблиската соработничка на Есма Реџепова и додаде:
– Таа рече: „Заработив пари од концерти, луѓето купија билети, а јас вака ќе им се оддолжам на мојот народ“. Тоа беше нејзината порака.
Да потсетиме, Есма Реџепова почина на 11 декември 2016 година на 73-годишна возраст по кратко и тешко боледување. Зад себе оставила 47 синови и една ќерка , кои ги посвоила.
Инаку, куќата на пејачката, која по нејзината смрт требаше да стане еден вид музеј, беше тотално уништена, а во вилата од 750 квадратни метри беше украдено се, а недостасуваа дури и некои врати и прозорци . Имотот кој се простира на 1.300 метри квадратни сега е целосно запуштен, обраснат со плевел.
Дел од нејзините наследници го оспорија тој тестамент , барајќи го својот дел. Како што стојат работите, додека не видиме што е чие, куќата ќе продолжи да се расипува











