Денеска ќе има претежно сончево и топло време, соопшти Републичкиот хидрометеоролошки завод . Утрото студено, по котлините, низините и висорамнините на места магла и голомразица, а локално се очекува слаб мраз.

Слаб до умерен ветер, претпладне на југ и од средината на денот засилен југоисточен, свртен во северен и североисточен правец.

Најниската температура од минус два до осум, а највисоката дневна од 18 до 22. Во вечерните часови и во текот на ноќта на крајниот север ќе биде променливо облачно со слаб дожд.

Во Скопје денеска ќе биде претежно сончево и малку посвежо време. Студено утро, слаб мраз на периферијата.

Advertisement

Слаб и умерен ветер северен и северозападен. Најниската температура од три до осум, а највисоката дневна околу 20.

Умерено облачно време во четврток по студено и променливо магливо утро.

Се препорачува претпазливост кај срцеви и цереброваскуларни пациенти. Кај метеоролозите можни се ревматски болки и нерасположение.

Advertisement