Пред нас е нова работна недела, а за многумина е вистински предизвик да смислат што да зготват за ручек секој ден. Затоа ви носиме пет одлични предлози за здрав и брз ручек.

Понеделник – Пилешко со зеленчук во рерна

Состојки:

  • Пилешкo филе

    Advertisement
  • Тиквички, пиперки, моркови, кромид

  • Маслиново масло, сол, бибер, оригано

Подготовка:
Сè се сечка, се зачинува и се пече во рерна 30–40 минути на 200°C. Без пржење – лесно, здраво и богато со протеини и влакна.

Вторник – Мисиркино месо во кари сос со интегрален ориз

Состојки:

  • Мисиркинo филе

  • Грчки јогурт или павлака со малку масленост

  • Кари, лук

  • Интегрален ориз

Подготовка:
Мисиркинoто месо се динста на малку маслиново масло со лук, се додава јогуртот и кари зачин. Се сервира со интегрален ориз. Оризот се потопува од вечерта, се пропржува со малку путер и лук, па се додава пилешка супа колку да го покрие. Кога ќе зоврие и ја впие течноста – готов е.

Среда – Лесна чорба од леќа и зеленчук

Состојки:

  • Леќа

  • Морков, целер, кромид, лук, домати

  • Зачини: ловоров лист, бибер, магдонос

Подготовка:
Сè се вари заедно додека леќата и зеленчукот не омекнат. Заситува и е совршено за ден без месо.

Четврток – Лосос на тава со блитва и компири

Состојки:

  • Филе од лосос

  • Блитва, компир

  • Маслиново масло, лимон

Подготовка:
Лососот се пече кратко на тава (или во рерна). Се сервира со варена блитва и компир, прелиени со маслиново масло и лимон.

Петок – Похуван модар патлиџан во рерна + грчка салата

Состојки:

  • Модар патлиџан, јајце, презла (или овесни снегулки)

  • Домати, краставици, маслинки, фета сирење

Подготовка:
Модриот патлиџан се панири и се пече во рерна без пржење. Се служи со лесна грчка салата со умерено количество сирење.

Advertisement