Јавноста во Грција е вчудоневидена бидејќи во утринската програма на државната телевизија ЕРТ се емитуваше туторијал како со помош на црева се точи гориво од резервоарот на туѓ автомобил.

Цените на горивата во таа земја не престануваат да растат поради енергетската криза.

Не стивнуваат реакциите на јавноста на социјалните мрежи откако државниот канал ЕРТ1 во својата гледана утринска програма Синдесис, чекор по чекор, покажа инструкции како да се точи гориво.

– Не е страшно комплицирано… не ви треба ни специјална цевка, дури и цревото за вода за балконите ќе служи, објасни известувачот Костас Стаму, давајќи совет за кражба за време на написот што ги шокираше гледачите.

Advertisement

Техничарот за автосервис, кој беше поканет да му се придружи на известувачот во делот за пренос во живо од програмата, на гледачите им даде брз водич за тоа колку е лесно да се точи бензин од резервоарот за гориво.

Дополнително покажал каде точно може да се пробие резервоарот, за да се украде неговата содржина, доколку првиот метод се покажал премногу тежок.

Цените на горивата во Грција постојано се зголемуваат во последните месеци. Цените на безоловниот бензин деновиве достигнаа над 2,50 евра на Родос и соседните острови и 2,37 евра во просек во Атина.

Годишната стапка на инфлација во Грција во мај достигна 29-годишен рекорд од 11,3 отсто.

Advertisement