Брусницата е полна со витамини Ц, А и Е, потоа минерали – калциум, калиум, магнезиум и железо, а нејзините позитивни ефекти врз здравјето се повеќекратни, пишува Лепа и Среќна.
1. Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања
Сувите брусница содржат полифеноли со антиинфламаторни својства, кои помагаат во намалување на хипертензијата и спречување на агрегација на тромбоцити, што го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми.
2. Спречуваат инфекции на уринарниот тракт
Со конзумирање на брусница внесуваме голема доза на проантоцијанидини во организмот, кои се антиоксиданси кои спречуваат бактериите кои предизвикуваат инфекции да се залепат на ѕидовите на уринарниот тракт.
3. Корисни се за луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2
Брусницата има понизок гликемиски индекс, поради тоа што немаат дополнителен шеќер, или пак им се додава мала количина шеќер и затоа има помала реакција на инсулин.
4. Помагаат за зачувување на здравјето на забите и непцата
Оваа билка содржи елемент кој ги спречува бактериите да се прикачат на забите и исто така помага во спречување на болести на непцата.
5. Ја подобруваат меморијата и го забавуваат развојот на деменција
Истражувањето на британските научници покажа дека секојдневното консумирање на грст брусница има значително влијание врз подобрената меморија на испитаниците кога станува збор за секојдневните настани (визуелна епизодна меморија), врз функционирањето на невронската мрежа и врз испораката на крв до мозокот (перфузија на мозокот).
Брусницата може да се конзумира во сушена форма, во капсули, како чај или како сок.
Чајот се подготвува така што една кафена лажичка од овошјето се прелива со 2,5 дл зовриена вода, се остава покриен до 15 минути, па се процедува и се пие до три пати на ден. Кога станува збор за сок, две чаши незасладен сок од брусница дневно се доволни за превенција.
Брусницата не се препорачува за луѓе кои земаат лекови против згрутчување.











