За време на владеењето на царот Антонин, оваа светителка била повикана да му принесе жртва на идолот на Диј.
Македонската православна црква и верниците денес ја слават Светата маченица Гликерија. Според преданието, по смртта на оваа светителка од нејзините мошти потекло лековито миро, со кое се лекувале и најтешките болести.
За време на владеењето на царот Антонин, оваа светителка била повикана да му принесе жртва на идолот на Диј.
Таа нацртала крст на своето чело, а кога царскиот намесник ја прашал каде ѝ е факелот, кој сите го носеле во рацете, таа го покажала крстот на челото и рекла: „Ова е мојот факел“. По нејзината молитва, гром удрил во идолот и го распарчил на парчиња.
Потоа ја фрлиле во темница со намера да умре од глад, но ангел Божји ѝ се јавувал и ѝ давал сила. По извесно време, намесникот ја отворил темницата за да провери дали Гликерија умрела, но се изненадил кога ја видел жива, здрава и облеана во светлина.
Потоа ја фрлиле во печка, но и покрај тоа останала неповредена. Стоела среде огнот и Го славела Господ, а потоа ја фрлиле пред лавови. Таа се помолила и ја предала својата душа на Господ.
Во многу краеви на Србија постои обичај денес ниту да се подготвува ниту да се јаде месо, бидејќи се верува дека така се чува здравјето.
Се верува дека треба да се избегнува палење оган по пладне, а во селата не се ложат печки ниту се палат свеќи.











