Доколку вашето дете има профил на социјалните мрежи, задолжително погледнете го ова видео
Новинар направи истражување: Колку е лесно за педофилите да ги намамат нашите лековерни деца? И колку навистина се наивни и слободни нашите деца на социјалните мрежи?
Направил лажен профил на Фејсбук на кој се претставувал како 15-годишно момче, а со дозвола од родителите испратил барање за пријателство на три девојчиња на возраст од 12, 13 и 14 години.
Четири дена се допишувал со нив, а на крајот ги поканил да се сретнат .
Првата девојка ја запознал откако таа му пратила порака: „Моите родители штотуку излегоа од дома, ќе те сретнам во парк за 10 минути“.
Децата им откриваат премногу детали за нивните навики, однесувања, семејни навики на сосема непознати луѓе.
Сите девојки отидоа дотаму што дури и не им кажаа на своите родители, но сепак се согласија да видат потполно странец. Како да им веруваа на странците повеќе отколку на своите родители.
Ова видео е многу корисно и за тинејџерите и за родителите. Секој од нас треба да се едуцира за опасностите кои демнат на социјалните мрежи:











