Хајри Илјаз е момче на 30 години кое живее со болка од недоживеаната родителска љубов. Таткото речиси и да не го памети, а мајката го оставила кога имал едвај 10 години. Лошо е детството кога сите во маалото функционираат нормално, а ти растеш сам со братот-ќе каже Хајри. Немало ни кој да го испере, кој да му зготви, ни кој да му го покаже патот кон животот – вели тој.

– Не го паметам тато, зашто тој почина кога бев многу мал. Но, мама ја паметам. Паметам и дека кога имав 10 години, ме однесе кај еден човек и рече ова ви е вујко и од денес ќе живеам со него. Јас како дете ништо не разбирав, но, следниот ден брат ми, кој ми е сè во животот и благодарение на кој денес сум жив и способен, ме седна и разговараше со мене. Ми ја кажа вистината. Дека мама не оставила и отишла со друг човек.

Бев многу мал и сè ми беше нејасно, но, многу жалев по неа. По цели ноќи плачев и ја барав. Бато ме чуваше и како татко и како мајка, и како брат. На само 16 години мораше да се вработи, за да имам што да јадам-со тешко срце се присетува на своето детство Хајри.

Ако ова момче го прашате дали може да се потсети како му изгледал еден ден од детството, ќе забележите солзи во неговите очи и веднаш ќе знаете дека изминатите 20 години живеел пеколно. Исмејуван од дечињата и соседите, често живеел питачки живот-со леб и сол, а, најчесто и без леб.

Advertisement

Прва на листата ми е желбата, брат ми да оздрави и да заздрави, па после со мене Господ што сака нека прави. Од тешкиот живот брат ми се разболе. Пие терапија за шизофренија. Ми кажаа дека ќе ги пие доживотно. Кога некој ќе ми рече што најмногу сакам, одма кажувам:

„Да, ми треба помош за да преживееме, бидејќи од сите страни сме притиснати, но, пред секоја желба ја ставам најголемата, да го видам брат ми здрав и да се ожени, така и јас ќе бидам најсреќен-завршува со својата приказна Хајри, за емисијата „Срце на дланка“.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство, тоа можете да го направите на следнава жиро-сметка 200003548378041 Стопанска банка или на овој телефонски број 075/618000.

Целата приказна прочитајте ја на следниот линк Приказна.мк

Advertisement