Некои од нив ги користиме како украс!

Речиси и да нема домаќинство кое не чува предмети што повеќе не му се потребни. Дополнително, некои од предметите кои не ни носат енергија на напредок ги користиме како украс. За да циркулира добра енергија низ вашиот дом, треба да се ослободите од одредени работи.

1. Неисправен часовник
Часовникот кој повеќе не го покажува точното време симболизира стагнација што е спротивна на текот на животот. Скршените и неработни часовници повеќе не треба да се во куќата, дури и кога не потсетуваат на убави спомени и моменти.

2. Скршени огледала
Според многу верувања, скршеното стакло носи лоша среќа. Не лепете скршено огледало, туку веднаш фрлете го. Исто така, иако е само напукнат, сепак не треба да биде во куќата.

Advertisement

3. Заматени и избледени фотографии
Фотографиите кои се избледени, недефинирани или заматени не треба да се закачуваат на ѕидови или врамени. Според фенг шуи, тие привлекуваат лоша енергија.

4. Школки
Школките се вообичаен сувенир од морето и украс во домот. Но, тие симболизираат празни куќи и како такви привлекуваат лоша атмосфера. Не е препорачливо да ги чувате во куќа, канцеларија или било кој затворен простор. Можете да ги преместите во двор или тераса, бидејќи енергијата полесно циркулира на отворен простор.

Advertisement