




Не го фрлајте лебот ако ви остане од вчера, туку испробајте го ова штедливо но фантастично јадење
Потребно е нешто повеќе од половина час да се напрви оваа фантастична гибаница од стоен леб. Со малку фантазија и малку издвоено време стариот леб кој би го фрлиле ќе добие сосема нов вкус.
Потребно е:




- 1 векна стар леб
- 500 г сирење (урда)
- 50 г путер
- 3 јајца
- 300 мл млеко
- 150 мл минерална вода
- масло
- сол, црн пипер




Подготовка:лебот исечете го на кришки,отстранете ја кората, а потоа исечете на коцки. Ситно изрендајте го сирењето, додајте јајца, путер, минерална вода и мешајте да добиете хомогена смеса.




Секое парче леб натопете го во млеко и редете во намрсен сад, намачкајте со филот. Наредете уште еден ред леб потопен во млеко и полијте со дел од филот. Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 30. минути.
Гибаницата исечете ја на парчиња и послужете со кисела павлака или јогурт, кисело млеко…











