Веројатно нема едноставен одговор. Но, како општо правило, треба да го земате лекот на празен стомак (еден час пред оброк или два часа потоа), освен ако во упатствата не е поинаку наведено.

Зошто се советува да се зема лекот пред јадење?

Имено, консумирањето таблети после јадење може да влијае на начинот на кој желудникот и цревата го апсорбираат лекот, па така ефективноста на лекот може значително да се намали.

Грејпфрутот е добар пример за храна која може да влијае на тоа како функционира пилулата. Се меша со некои од ензимите одговорни за разградување на лековите, што доведува до зголемено количество на лекот што се акумулира во вашето тело. Зголемената количина на таблети доведува до несакани ефекти.

Advertisement

Ако антихипертензивниот лек се акумулира, може да почувствувате опасен пад на крвниот притисок. Вакви проблеми може да се појават и со лекови на рецепт и со лекови без рецепт, вклучувајќи антациди, витамини и таблети на база на железо, myDr.

Статиите на нашиот портал служат ИСКЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ, за било каков здравствен проблем ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА СЕ КОНСУЛТИРАТЕ СО ДОКТОР!

Advertisement