Фотографиите на мобилен се состојат од серија селфи фотографии во кои глумат мајмуни




Малезискиот студент по информатика Зекриџ Роџи го изгубил мобилниот телефон во џунглата во близина на неговиот дом, а кога го нашол се изненадил од фотографиите на него. Имено, тој тврди дека на својот мобилен телефон нашол мајмунски селфи.
– Мобилниот телефон ми исчезна додека спиев. Бев убеден дека некој ми го украл, но не забележав знаци на упад – изјави студентот за Би-Би-Си.




Фотографиите на мобилниот се состојат од серија селфиња во кои глумат мајмуни, а последната датотека е видео од мајмун кој се обидува да го изеде уредот.




– Татко ми забележа мајмуни пред куќата, а кога се јавив на мојот број, слушнав ѕвонење во грмушките. Вујко ми се пошегува дека би било добро да ги погледнам фотографиите затоа што „крадецот можеби се фотографирал“ – рекол тој и додал дека сите се смееле бидејќи на крајот не бил далеку од вистината.
Меѓутоа, Зекриџ бил изненаден што мајмуните му го одзеле мобилниот телефон од куќата.




– Мајмуните живеат овде во урбаните средини, но никогаш не биле снимени како крадат работи од куќи. Не знам, можеби брат ми заборавил да го затвори прозорот во собата па се прикрале – рекол тој.











