




Енергијата во куќата влијае на здравјето, љубовта, среќата, просперитетот. Еден од основните постулати на оваа филозофија е чистотата и уредноста. Треба да ја одржувате куќата чиста, да се ослободите од вишокот работи за да може Чи енергијата да циркулира. Во куќата има неколку зони – зони на здравје, пари и љубов, а за да се донесе благосостојба тие мора да се активираат и одржуваат.




Здравствената зона е најважна во куќата, затоа потрудете се оваа зона да биде беспрекорно чиста. Ако вие или вашето домаќинство имате здравствени проблеми, тогаш е особено важно да обрнете внимание на тоа. Се наоѓа во источниот дел на куќата. За да одредите точно каде е, застанете со грб кон влезната врата на стан или куќа, а потоа свртете го погледот надесно. Ова ќе биде источниот сектор.




Развојот на овој дел, неговото активирање и подоцна одржување на чистотата ќе ви помогне да станете психички и физички поотпорни, да го зајакнете имунитетот, да го одржите доброто расположение и мотивацијата и да ја вратите љубовта кон животот.




Покрај чистотата, уште еден услов за силна здравствена зона е доброто осветлување. Ако нема прозорци и природна светлина, тогаш поставете добро осветлување за просторот да зрачи топлина. Што се однесува до боите, белата, сивата и зелената може да се сметаат за идеални нијанси за оваа зона. Може да го активирате и со садење растенија, пренесува Крстарица.











